НСДП: Лош извештај на ЕУ за оставка на Груевски

Од:

„Европската унија во Извештајот за напредокот на Република Македонија јасно, прецизно и недвосмисленому укажа на Никола Груевски декавладините политики ја водат Македонија во ќорсокак и безизлезност. Ова е досега најдиректната и најостра критика кон владината коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ од страна на Европската комисија.

НСДП изразува загриженост за констатацијата во Извештајот за висока корумпираност на опшеството за назадувањето на реформските процеси  во делот на слободата на изразувањето,независноста на медиумите и особено во делот на независноста на судството.Никола Груевски за да го покрие овој срам и шамар од страна на Европската унија, може да ги уапси сите судии во Македонија, дури и оние кои што ги одработуваат праљавите работи за ВМРО-ДПМНЕ,но вистината за состојбите во судството ќе остане забележана и во Брисел и во Вашингтон.

Европската унија во Извештајот констатира директна контрола на државата врз комерцијалните медиуми преку владините реклами,а  контролата врз јавниот сервис резултира со недостаток на вистинско информирање и недостаток на точни и објективни информации.

НСДП искажува посебна загриженост, за констатациите на Европската комисија дека вкупниот јавен долг изнесува 50% од БДП со тенденција за зголемување, како и неможноста за негова долгорочна одржливост.Сметаме дека ова е индиректна порака до Владата, дека погубните политики  во делот на фискалната политика може да ја доведат Македонија во еден вид на грчко сценарио на финансиски колапс на државата.

Условената препорака за почеток на преговорите на Република Македонија со Европската унија,заради уназадување на реформскиот процес од старана на Владата и користењето на термините владин неуспех и чекорење наназад,се доволна причина премиерот Никола Груевски  да си поднесе оставка и да даде конечно шанса Македонија да се врати на европскиот пат преку враќање на демократските процеси и европски вредности“, се вели во соопштението на НСДП.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски