„Соочен со неминовната потреба да си поднесе оставка и целиот политички систем да го ослободи од коруптивните стеги на фамилијарната клика, Груевски вчера повторно се обиде реторички да демонстрира демократски капацитет пред јавноста и меѓународната заедница со неговата изјава дека: „Влада може да состави само народ“.
Истрошени и депласирани се било какви тези или изјави кои алудираат на граѓаните како извор на легитимитетот на власта од човекот кој успеа за девет години да ги погази сите вредности, принципи и норми што значеа деморкатија, граѓанска и политичка култура или слобода“, се вели во соопштението на НСДП.
„Груевски треба да разбере дека повеќе не може да си прави лични и фамилијарни планови за плитички спас преку избори кои би биле организирани од него и неговата политичко-коруптивна клика.
Само неговата лична оставка и оствака на целата Влада може да биде системска увертира за спроведување на избори кои отуѓениот суверенитет ќе го вратат во рацете на граѓаните и ќе ги постават деморкатските темели на идната власт. Се друго е само политичка калкулација на очаен политичар кој се обидува да се спаси од „бродот што веќе потона“, пишува во соопштението на НСДП.