НСДП: Груевски неуспешно глумеше жртва на странски заговори и шпионски сценарија

Од:

„Вчера граѓаните на Република Македонија беа сведоци на едно реалити шоу во стилот на серијалот „Прељубници“, организирано и спроведено од Груевски и фамалијата за да демонстрира лажно единство и хармонија во партијата, чии членови ја видоа вистината дека се ставени во заложништво на задоволувањето на нивните лукративни и материјални интереси“, велат од НСДП.

„Во обидот да се спаси себеси од одговорноста која ја има за уништувањето на темелните демократски вредности на државата,  неуспешно глумеше жртва на странски заговори и шпионски сценарија, затскривајќи се зад наводни економски и социјални успеси, во кои не веруваат ниту неговите „најверни“ соработници Ставрески и Јанкулоска.

Ќе беше чесно од негова страна да објасни дали гласот од вчерашното обраќање е истиот оној глас кој граѓаните и членовите на ВМРО-ДПМНЕ можеа да го слушнат во договрањето за купопродажба на Македонска банка. Дали е негов гласот кој на министерот за транспорт и врски, Јанакиески, му наредува со динамит да се сруши комплексот „Космос“ и дали е негов гласот кој што во шифри шепоти за купување на плацеви на Водно?

Дали тоа е истиот тој Груевски кој дозволи МВР да биде претворено во МВРО, а изборите за него и фамилијата да бидат прашање на „живот или смрт“, прашуваат од НСДП.

„Иститот ли е тој Груевски кој што зборуваше за успеси на Владата и повикуваше за обедување на Македонците, Албанците, Ромите, со оној Груевски кој одобрува „влечење на Ромите за уши“ и „фаќање на Албанците за врат“.

НСДП му порачува на Груевски, ако вистински си ја сака државата, сега е вистинскиот  момент да го повлече најпатриотскиот чин во овие девет години, да си поднесе оставка и да ја ослободи Македонија од неговите стеги“, се вели во соопштението на НСДП.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ