НСДП: Груевски е подготвен и со крв на улиците да си ја купи слободата

Од:

„Јасно изразената волја на граѓаните на Република Македонија за возобновување на демократијата и повторно воспоставување на правниот систем кој ќе ги санкционира криминалците за сите злодела и неправди кои изминативе десет години ги направија од позиција на власт го уплаши и разгневи водачот на злосторничкото здружение, Никола Груевски.

Синоќешните сцени пред ДИК, исполнети со говор на омраза, со повици за линчување, со заканувачки пораки до странски амбасадори, покажуваат дека нивниот автор, Груевски, е подготвен и со крв на улиците да си ја купи својата слобода и слободата на своите ортаци од злосторничкото здружение.

Параноичната реакција на мобилизирање на административци и нивното носење пред ДИК е политичка кореографија која нема ништо суштински ниту со изборниот процес, ниту пак со било каков правен систем. Наеднаш, на заминувањето од политичката сцена, Груевски се обидува да демонстрира недоверба кон институциите во чие градење и тој учествуваше. Каде беше Груевски во 2013 година, кога истите тие институции му ги уважуваа приговорите за прегласувањето во општина Центар? Зошто тогаш не се впушташе во „одбрана на кражбата на победата“?

И на Груевски и на тие околу него, како и на тие кои вчера повикуваа на линчување, на 11 декември им стана повеќе од јасно дека со режимот е завршено, дека својата „кариера“ ќе мора да ја прават во казнено-поправните установи низ државата.

Денешната слика од судот во Скопје, каде тој седи во својство на обвинет, ќе се повтори уште многу пати. Дали тогаш неговите перјаници од пред ДИК, својот гнев и повци за линчување ќе ги упатат од пред судовите“, се вели во соопштението на НСДП.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ