„Што уште треба да се случи за големите патриоти од ВМРО-ДПМНЕ да престанат да ја туркаат Македонија во безизлез и политичка провалија?
Фридом Хаус во најновиот извештај јасно нотира дека слободата на медиумите во Македонија е во слободен пад кон дното благодарејќи на тоа што Никола Груевски не направи ништо во поглед на реформата на медиумите, обврска која ја презема и со својот параф на договорот од Пржино. Неговата опседнатост со спроведување на пропаганда во интерес на неговата партија ја стави во заложништво целата медиумска сфера и слободата на јавно изразената мисла, притоа оддалечувајќи не од европските стандарди за слободни медиуми. Овој извештај практично не само што потврдува дека реформата на медиумите како услов за слободни и фер избори не е минималмо исполнет, туку зборува и за отсуството за политичка волја и подготвенсот да се направи позитивно придвижување во оваа сфера.
Станавме единствена држава во која за фактите во Избирачкиот список се одлучува со гласање во ДИК. Тоа само ја потврдува тезата дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ниту досега го прочистувале избирачкиот список ниту пак за овие избори имаат намера да го прочистуваат, знаејќи деке неговата неверодостојност е подлога за изборна кражба.
Историјата на парламентарната демократија не памети случај кога шеф на држава така отворено, транспарентно амнестира политичари за изборен криминал непосредно пред избори, со единствена цел да се спроведат уште едни фалсификувани избори за партијата на неговите наредбодавци да остане на власт. Светски авторитети јавно укажуваат дека Груевски е соочен со алтернативата власт или затвор, и соочен со тој избор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преку Претседателот на државата посегнува го целосно уривање на темелите на парламентарната демократија.
НСДП смета дека сега е вистинскиот момент самопрогласените патриоти на ВМРО-ДПМНЕ да покажат дали повеќе ја сакаат Македонија од нивното корумпирано и криминално раководство. Имаат историска шанса да покажат колку суверена, самостојна, безбедна и перспективна Македонија им е при срце. Груевски и раководството се оспеднати како да го сокријат богатството и криминалот, а не да создават услови за слободна, демократска и меѓународно етаблирана Македонија“, соопштуваат од НСДП.