НСДП го поздравува изборот на специјалниот јавен обвинител

Од:

„НСДП го поздравува донесувањето на Законот и изборот на специјалниот јавен обвинител за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, со што започна практичното реализирање на договорот од Пржино.

Од прислушуваните разговори македонската јавност јасно можеше да слушне дека за докажаниот автократ Никола Груевски има основани сомненија дека е главен организатор на фамилијарниот криминал. Можеше да се слушне како лично Груевски купава парцели на Водно „за џабалак“, како договара провизии во милиони евра од тендери кои им ги доделува на кинеска, грчка и израелска фирма, како ги краде избирачките списоци и изборите, како ги мести одлуките на ДИК, како ги избира и менува судиите, но можеше да се слушне и со колкав садизам и нечовечност се справува со своите политички конкуренти.

Со својот потпис на договорот од Пржино, Груевски прифати дека нема легитимитет да владее до крајот на мандатот и дека ќе мора да има предвремени избори во април идната година. Прифати дека треба да поднесе сотавка и дека тој од позиција на премиер нема да може да ги организира тие избори. Прифати да биде избран специјален јавен обвинител кој ќе ги испита наводите од прислушуваните разговори.

По донесувањето на Законот за специјален обвинител и по неговиот избор, НСДП очекува власта и лично Груевски да му ги обезбеди сите услови за да може правдата да ја истера на чистина. Сите добро намерни граѓани што ја сакаат Македонија треба да бидат свесни дека без јасно утврдување на одговорноста на Груевски и тие околу него за она што е слушнато од прислушуваните разговори, за Македонија нема исчекор напред.

После овој чин станува јасно дека изборниот легитимитет на сите државни институции е спорен и се наметнува потребата од обнова на изборниот легитимитет на новите предвремени парламентарни избори. Во такви услови ниту една од државните институции не може нормално да функционира, ниту пак Македонија може да функционира како земја со нормална влада, односно влада со полн капацитет. Во овој транзициски период, земјата треба да се подготви за одржување на фер и слободни, демократски избори, со цел, по нив, да имаме инситуции чии легитимитет ќе биде почитуван од страна на сите партии и граѓани. Тоа значи дека Груевски не смее повеќе да ги прави истите злоупотреби кои ги правеше до сега и да дели пари на настраданите и други лични милостини од буџетот, како да е хуман милионер. Да престане со континуираната изборна кампања, со вработувања, најави на нови инвестиции, отворање на патчиња, чешми, во која се вклучени сите државни институции.

НСДП очекува Груевски да ги тргне рацете од јавниот радиодифузен сервис и телевизиите со национална концесија, кои се претворени во билтен за успесите на владата и водење на црни кампањи против опозицијата“, се вели во соопштението на НСДП.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ