НСДП го осудува обидот на директорот на прилепската гимназија за искористување на учениците во политички цели

Од:

„Општинската организација НСДП Прилеп најостро го осудува обидот на директорот на гимназијата Мирче Ацев г- дин Кирил Николоски за инволвирање на младите и искористување во политички цели преку поттикнување на учениците на бојкот на наставата, со што истовремено се врши и грубо кршење на законот.

Целта на образованието е да го унапредува знаењето и да ја промовира вистината. Г дине Николоски, Вие и наставните работници како носители на воспитно образовниот процес во РМ ја имате клучната улога во градењето на интелектуалниот, емоционалниот и социјалниот развој на учениците, во промовирањето на културните вредности и норми на општеството. Согласно ова г дине Николоски за едно современо општество неприфатливо е да вршите директен партиски притисок врз образовна институција која што треба да едуцира општествено одговорни индивидуи, а не партиски послушници на ВМРО ДПМНЕ.

Г-дине Николоски бидете одговорен пред себе си и пред сите поднесете оставка, Да си дадеш оставка е правилниот пат но, ти не го бираш тој затоа што е проклето тежок патот на принципите кои го градат карактерот. Отсуството на одговорност при грубо кршење на законите во вршењето на функцијата Директор говори за тоа дека вие сте исплашен должник на партијата си ја одработувате вашата функција одработувате за партијата ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е и начинот од вашата партија да се стане Директор но, Г дине Николоски тоа е и начинот за уништување на сопствениот интегритет и начинот за сопствен срам.

Вие сте роб на партијата, парите, и функцијата никогаш слободен.

Г-дине Николоски младите се учат на интегритет, храброст тоа е прогресивна младина за тоа служи образованието. Погрешно образована младина е изгубена младина.
Градоначалник Марјан Ристески, иднината на младите е и ваша одговорност!!!! Наместо да ја заштитите вие ја уништувате, го уништувате образованието, ја уништувате функцијата директор ја уништувате институцијата, уништувате се, за да си ја купите сопствената иднина вашата одговорност е да го разрешите директорот на прилепската гимназија, така се гради држава така се гради современо нормално општество така се гради институционална одговорност. Покажете дека законите важат подеднакво за сите разрешете го Директорот веднаш“ се вели во соопштението на НСДП.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ