НСДП најостро го осудува бруталното претепување на претседателот на општинската организација на СДСМ Центар, Саша Богдановиќ кое се случува во моменти на се по отворено искажување на револт од страна на граѓаните против режимот на Груевски.
Овој вандалски чин, допилнително отвора сомнежи во врска со мотивите кои стојат позади него, ако се потсетиме дека претседателот на општинската организација на СДСМ Центар беше приведен од страна на полицијата на крајно сомнителен начин, со примена на прекумерна сила.
Дали режимот во паника почна да прибегнува и кон брутално насилство за пресметка со опозицијата?
НСДП јавно ја прашува министерката Јанкуловска, дали вандалскиот чин на претепување на Саша Богдановиќ го извршија истите оние лица кои како провокатори се обидуваат да исценираат насилство и судир на протестите против полициската бруталност?
НСДП ги повикува граѓаните да не наседнуваат на провокации, мирно и достоинствено да го изразат своето незадоволство од режимот, се вели во соопштението.