НСДП: Дали Зврлевски индиректно потврди дека на снимката е гласот на Груевски?

Од:

После долго молчење на ЈО Марко Зврлевски за мега корупцискиот скандал Македонска банка, во соопштението за јавност повикувајки се на застареност на предметот, практично призна дека сепак постои кривично дело. Исто така обвинителството потврдува дека се работи за снимен телефонски разговор, со констатација дека за снимање на таков разговор не постои наредба од надлежен орган. Бидејки опозицијата и голем дел од експертите јавно прашуваа дали на снимката е гласот на Груевски, се поставува прашањето, дали со ова соопштение ,обвинителствот сепак ја потврдува експертизата и вештачењето на експертитие од Србија дека сепак гласот на снимката е на тогашниот пратеник, а сегашен актуелен премиер Никола Груевски, велат од НСДП.

Г-дине Зврлевски велите дека обвинителство неможе да се впушти во правна анализа на вештачењето на гласот од снимката, затоа што било извршено без наредба на овластен орган, ама затоа сте се впуштиле да констатирате дека сепак случајот Македонска банка е застарен и за истиот неможе да се поведе кривично гонење, велат од НСДП.

Со вакво, според НСДП, срамно и скандалозно соопштение зад кое се затскрива јавниот обвинител Зврлeвски само се потврдува констатацијата, за директна вмешаност во носењето на одлуките на обвинителството, од страна на високи функционери на владата на РМ. Најверојатно јавниот обвинител Зврлевски во носењето на одлуката за отфрлање на обвинението за случајот Македонска банка, сепак се раководел од препознатливоста на гласот на човекот кој што му сугерирал (наредил) да донесе таква срамна одлука. Во вакви услови на режим и контрола над судството и јавното обвинителство, хипотетички Никола Груевски може да егзекутира пола Mакедонија и притоа никогаш да не биде виновен.

Ваков мега корупциски скандал од 1,5 милиони евра еден ден мора да има судска разрешница колку и да сака некој под притисок, целиот случај да го затскрие зад правните лавиринти, не заради евентуалната вмешаност на Никола Груевски,туку заради стремежот на Македонија кон европските вредности и владеењето на правото и правдата.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ