НСДП: Да се истрае во бојкотот на изборите на 5. јуни

Од:

„НСДП ги охрабрува опозициските партии и сите граѓани на Република Македонија на кои слободните и фер избори, како и демократијата во земјава им се поважни од криминалниот и клиентилистички поредок, да истраат во бојкотот на изборите на 5 јуни. Ја имаме историската шанса да покажаме политичката созреаност и ланецот на изборен криминал, кој континуирано се спроведува од 2008 година до денес, да го пресечеме и да означиме почетокот на една нова Македонија, изградена на темелите на демократијата и правната држава.

Не постои подобра прилика за утврдување на подршката на злосторничкото здружение ВМРО-ДПМНЕ, односно да се преброи демократски определената јавност и народот на Груевски, отколку нивното излегување на избори на начин на кој што се определиле да одат.

Бидејќи опозицијата е во состојба да го утврди бројот на сите граѓани кои ќе излезат на избори, а кои фактички го поддржуваат Груевски и злосторничкото здружение, македонската јавност ќе има можност да го види народот кој поддржува криминал и корупција, а на кој Груевски постојано се повикува. Дури и во последното соопштение за јавноста издадено од седиштето на злосторничкото здружение опозицијата беше предупредена дека народот ќе ја казни на 5 јуни, но и дека покрај народот ќе ја казнеле и некои други институции. Од ВМРО-ДПМНЕ веројатно мислат на „независното судство“ од тефтерчето на Јанкулоска, притоа и самите потврдуваат дека Груевски и криминалната структура околу него никогаш не сфатиле дека на парламентарни избори се добива политичка власт, а не судска.

Конечно, доколку опозицијата и демократски ориентираните граѓани останат доследни на својата одлука, на 5 јуни точно ќе се утврди дека оваа власт не поседува легитимитет да владее во Република Македонија“, соопштуваат од НСДП.

Би можело да ве интересира

НСДП на локалните избори ќе настапи во коалиција со СДСМ

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ