НСДП: Четвртиот редовен Конгрес на партијата ќе се одржи на 13 мај

Од:

НСДП денес во Скопје одржа седница на Централниот одбор на која беше донесена одлука четвртиот редовен Конгрес на партијата да се одржи на 13 мај годинава во Скопје.

Во насока на спроведување на потребните организациони подготвки на Конгресот, на седницата беше формирано работно тело задолжено за спроведување на сите потребни подготвителни активности за неговото одржување.

Централниот одбор донесе одлука за утврдување на бројот на делегати кои ќе учествуваат на овој редовен Конгрес на партијата и нивниот број изнесува 500. Дополнително, се утврдија постапките и критериумите за избор на делегати, се усвои правилник за регулирање на постапката, начинот и критериумите за кандидирање за Претседател на партијата, членови на Централниот одбор и Надзорниот одбор, кои ќе треба да бидат избрани на Конгресот.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ