НСДП: Без техничка влада нема фер избори

Од:

Техничката влада мора да остане, затоа што претставува единствена институционална гаранција за спроведување на чесни, фер и демократски избори. Во услови на сериозно нарушена институционална рамнотежа, таа е последната линија на одбрана на слободната волја на граѓаните и на демократскиот изборен процес, велат од НСДП.

„НСДП смета дека укинување на техничката влада може да се разгледува само во услови на зрело демократско општество со силни, независни и департизирани институции. За жал, такви услови денес не постојат. Актуелната власт воспостави агресивна политичка контрола врз клучните државни институции и ги користи за теснопартиски и политички цели.

Техничката влада е од особена важност и како механизам за заштита од злоупотреби во областа на социјалните и работничките права. Во изборни периоди се вршат притисоци и манипулации со исплатата насоцијалните надоместоци, се условуваат ранливи категории граѓани и се користат социјалните политики како средство за политичка уцена. Присуството на опозицијата во техничката влада е неопходно за спречување на овие појави.

Дополнително, техничката влада е клучна за да се запрат партиските вработувања, притисоците врз јавната администрација за време на избори и злоупотребата на државните ресурси, како и манипулациите со исплатата на субвенциите на земјоделците, како и контрола на финансиските исплати и давањето финансиките согласности или задолжувања на државата во функција на изборна кампања.
Во исто време, загрижувачки се обидите за воспоставување партиска контрола врз судството и обвинителството, преку политички притисоци, институционални блокади и законски измени кои ја поткопуваат нивната независност и служат за заштита на криминалот и корупцијата.

НСДП предупредува и на опасноста од партизација и злоупотреба на полицијата, како и на ограничување на слободата на говорот и политичкото дејствување на опозицијата. Во вакви услови, секој обид за укинување на техничката влада не е само неодговорен, туку и опасен по демократските процеси во државата.

Само техничка влада со присуство на опозицијата може да обезбеди институционален баланс, транспарентност и фер изборен циклус, како и реална контрола врз можните злоупотреби на државната моќ.
Техничката влада не е административна формалност, туку суштинска институционална брана против авторитарни тенденции и предуслов за демократски избори.

Во однос на политичкиот дијалог, НСДП јасно укажува дека единствена реална и одговорна тема за лидерска средба е деблокирање на европскиот пат на државата, запирање на стагнацијата и уназадувањето на реформските процеси и враќање на земјата на патот на европските вредности. Сѐ друго претставува замајување на јавноста и обид за прикривање на корупциските скандали и институционалниот распад, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Укинувањето на техничката влада да не е со инаетење, порача Гаши

Не сме скандинавска демократија, но не треба теничка влада за организирање избори, вели Гаши

Катерина Ѓуровски

Демократскиот сојуз бара една изборна единица, реформи на судскиот систем преку уставни измени и укинување на Техничка влада

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

ВИДЕО: Техничката влада не смее да падне, „средба со криминалци нема да има“, вели Филипче

НСДП: Една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ, една година лажни ветувања и изневерени очекувања