НСДП: Авторитарната политичка матрица на Груевски ја доведе Македонија на жртвениот олтар

Од:

Отвореното прогласување на „војна“ со меѓународната заедница, која директно и без дипломатски ракавици, покажа кон виновникот за неисполнување на договорот од Пржино, само уште еднаш по која знае кој пат ја покажа подготвеноста на Грувески да ги жртвува граѓаните во своите очајнички обиди да ја одложи својата политичка смрт и моментот на соочување со правадата за се она што беше поттикнувано, мотивирано, реализирано во изминатава деценија од неговото владеење, велат од НСДП.

Авторитарната политичка матрица на Груевски, произлезена од криминалот, корупцијата, демонтираната демократија и супресираната слобода, во моментот на историсиската пресвртница на земјата, ја доведе Македонија и нејзините граѓани на жртвениот олтар, на кој мнозинството треба да се жртвува за политичкиот опстанок на криманално –политичката клика која 10 години врши репресии.

Во овие моменти на очај, безнадежниот политички херој, соочен со својот пад на ѓубриштето на политичка историја, дрско и бескурпулозно во заложништво ја стави и целата своја партија, сите свои поддржувачи.

Познавајќи го клиентилистичкиот дух кој владее во неговата партија, Груевски порача дека со неговото пропаѓање ќе пропаднат сите субвенции, вработувања, тендери кои во изминативе години беа резервирани само за членовите на владејачката партија. „Ако пропаднам јас, ќе пропадне партијата, држвата, сите“ – тоа е последната „месијанска“ порака која деновиве ја испраќа очајниот, осамен и изолиран „политички пророк“, соочен со неминовноста од заминување во темните слоеви на колективната политичка меморија на една нација.

НСДП е убедена дека мнозинството во ВМРО-ДПМНЕ е свесно за криминалиите на својот лидер и на тие околу него, но калкулантската клиентилистичка врска со него ги доведува во изнудена ситуација на индифирентност и премолчување на нивниот криминал и корупција. НСДП се надева дека во овој критичен момент, кога Македонија е соочена со меѓународна политичка изолација и економско и социјално казнување на сите граѓани, независно од етничка или политичка припадност, поради забеганоста на една политичко-криминална елита, ќе ја пробуди совеста кај членовите на ВМРО-ДПМНЕ да се охрабрат да го преземат својот дел од одговорноста и активно да се вклучат во демисијата на Груевски. Треба да им е јасно, дека одговорноста може и треба да се иднивидуализира, а не да се дозоволува маневарски простор за било какви форми на нејзина колективизација – изедначување на криминалците со цела група, припадници на политичката партија, со целиот народ! Тоа е политички кукавичлок која една партија, која се декларира за наследник и неговател на револуционерните традиции на ВМРО не би требало, ниту пак би смеело да го дозволи!

Имајќи ги во предвид последните пораки на меѓународната заедница дека Македонија може да ја доживее судбината на Белорусија, НСДП ги повикува претставниците на западните демократии да не дозволат една цела нација, мултикултурна и мултиконфсионална, со евентуално одземање на препораката да биде казнета поради неразумното и криминално поведение на моменталното државно раководство. Анкетите покажуваат дека ЕУ и НАТО уживаат огромно поддршка кај граѓаните, и тоа треба да биде вкалкулирано во сите идни политички потези на меѓународната зеедница во насока на детронизација на авторитарниот режим во Македонија.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ