НСДП: Препораката за преговори е загрозена со срамниот чин од 24. декември

Од:

„Со вчерашното соопштение до јавноста, ВМРО-ДПМНЕ конечно призна каква штета им се нанесе на евроатланските перспективи на Република Македонија со срамниот чин од 24 декември, кога пратениците и новинарите беа исфрлени од Собранието на РМ.

– Дури сега сфатија дека е „загрозена препроаката на Европската комисија за почеток на преговори со Република Македонија за полноправно членство.

– На тој црн понеделник на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ им беше најважно по секоја цена да се донесе буџетот и законите за задолжување на државата за да не се соочат со банкрот и оставка на Владата.

– Груевски многу добро знаеше дека доколку не се донесе буџетот и законите за задолжување немаше да има можност да ги врати 185-те ммилиони евра од еврообврзницата, немаше да може да го финансира проектот „Скопје 2014“ и немаше да има можност да ги поткупува гласачите за ликалните избори 2013-та година. Во една таква ситуација државата требаше да објави банкрот, а Владата да си поднесе оставка.

– Тоа е вистинската причина за бруталното насилство врз новинарите и пратениците на 24-ти декември 2012-та година, што како камен околу вратот му виси на Груевски по мартовскиот договор со еврокомесарот Филе“, пишува во соопштението од НСДП.

Би можело да ве интересира

НСДП на локалните избори ќе настапи во коалиција со СДСМ

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ