НП: Во Прифатниот центар – Гази Баба затекнати неевидентирани Сиријци

Од:

Тим од Канцеларијата на Народниот правобранител при ненајавена вонредна посета на 4-ти овој месец на Прифатниот центар за странци – Гази Баба на МВР констатирале противправно задржување на лица, кои не биле евидентирани како присутни и не им биле издадени документи за нивното задржување.

– Се работи за пет државјани на Сирија кои транзитирале низ Македонија од Србија кон Грција, а биле затекнати на Железничката станица во Скопје со купени автобуски билети за Гевгелија и со намера да се вратат во Грција, информираа на денешниот брифинг со новинарите од Канцеларијата на народниот правобранител.

Четворица од нив поседувале докуменатација за потврда на сопствениот идентитет, како и документ со кој се докажува нивниот претходен влез во Грција. Овие лица, како што информираат од Канцеларијата на народниот правобранител, на 4 април во раните утрински часови од припадници на МВР биле спроведени во Прифатниот центар за странци и заклучени во простории без притоа да им се образложи причината за нивното задржување, ниту пак да се поучат за нивните права.

Според Народниот правобранител, ваквиот начин на постапување на управителот и службените лица во Центарот претставува грубо прекршување на законската регулатива и укажува на можна веќе воспоставена пракса на противправно задржување и неевидентирање на лица во Центарот. Дополнително загрижува фактот, како што велат од Канцеларијата на Народниот правобранител, што управителот и службените лица во Центарот се обиделе да го прикријат ваквото незаконито работење со давање лажни информации за актуелната состојба на задржаните лица.

По инсистирање на тимот од Канцеларијата на народниот правобранител лицата веднаш ослободени од Прифатниот центар за странци со усна наредба.

– Целта поради која се одлучивме да информираме за ваквиот случај е да превенираме и спречиме во иднина повторување на вакво незаконито постапување, како и алармирање до надлежните институции во државата да го преиспитаат работењето на Центарот, велат од Канцеларијата на народниот правобранител на Република Македонија.

Оттаму посочуват дека единствена позитивна работа што ја констатирале во Прифатниот центар за странци – Гази Баба е подобрување на материјалните услови и тоа што во Центарот веќе не се задржуваат жени и деца.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Приведени двајца криумчари на мигранти

Кичевчанец шверцувал петмина мигранти од Кина

Горан Наумовски

Пронајдени десет мигранти во две возила на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година