Две непознати лица синоќа околу 22.30 часот влегле во домот на Ж.Т.(26) на улица „Архитект Никола Добровиќ“ во Скопје и почнале да и се закануваат барајќи ѝ пари.
Потоа ја турнале на подот и со нож и нанеле расекотини на десната нога и левата рака, по што го напуштиле местото на настанот. Повредената Ж.Т. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.