„НОВУС“ организираше обука за европско делување на младите струмичани поддржана од општина Струмица

Од:

Здружението „НОВУС“ денеска организираше работилница на тема „Запознавање на Европската унија и работата и структурата на институциите на ЕУ“ во рамките на проектот „Запознај ја Европската унија – делувај европски“, кој што е поддржан со средства од буџетот на општина Струмица, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија на граѓани.

-Целта на оваа работилница е да се запознаат граѓаните, посебно младата популација со начинот на функционирање на Европската унија, како работат нејзините институции, но и да промовираме европски вредности и принципи. Во рамките на овој проект ќе биде реализирана уште една работилница, конкретно за ЕРАЗМУС плус и за европските фондови, ќе организираме јавна дебата, а ќе биде распишан и јавен повик за објавување на трудови поврзани со ЕУ.

Паралелно со овие работилници и активности ќе работиме и на истражување преку кое сакаме да испитаме колку граѓаните се запознаени со Европската унија и нејзините институции и дали со влезот на Македонија во ЕУ, ќе се подобри животниот стандард на граѓаните и дали ќе има подобра иднина за младите, рече Ѓорги Тасев од здружението „НОВУС“.

strumicani12e (2)

Според Андреја Стојковски, претседател на Македонскиот центар за европско образование, кој беше предавач и обучувач на работилницата, оваа иницијатива на „НОВУС“ е за поздравување затоа што таа е поддршка на процесот на зачленување на Македонија во ЕУ.

-Процесот на пристапување во ЕУ не е пристапување на државата бидејќи тоа не може да застане тука, односно, пристапувањето не завршува со пристапувањето на државата, граѓаните се тие што пристапуваат во Унијата и од таму информирањето и едуцирањето на граѓаните за ЕУ, за начинот на кој што функционира и ги креира своите политики, е особено важен.

strumicani12e (3)

Ова е работа која државата треба самата да ја направи и секоја иницијатива која постои, особено ваква иницијатива која што ја презема граѓанското општество е за поздравување, затоа што е поддршка на тој процес. Денеска имаме триесетина млади луѓе од Струмица кои верувам ќе го почнат својот работен век во ЕУ, рече Стојковски.

Би можело да ве интересира

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Пијанманова: Време е за нови, борбени луѓе во советот

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија