Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Од:

Новоназначениот вршител на должност муфтија од страна на Исламската верска заедница (ИВЗ) за тетовскиот регион Селвер Џемаили во полиција пријавил дека бил попречуван да почне со работа. Тој пријавил во полиција дека не можел да пристапи до канцелариите во Муфтиството и порано.

– Денеска (31јануари) во 7 часот и 30 минути Џ.С. (52) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека Џ.С. и Ш.Ш. ги заклучиле вратите од објектот на ИВЗ во Тетово и му оневозможиле како в.д. муфтија да влезе и да ги извршува работните задачи, иако поседувал решение од Исламската верска заедница изготвено на 8.11.2023 година. Истото се случувало подолго време, а во спречувањето биле инволвирани и лица ангажирани како обезбедувачи во ИВЗ. Веднаш по пријавувањето на случајот, на местото се испратени полициски службеници за да се спречи евентуално нарушување на јавниот ред. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира СВР Тетово.

Исламската верска заедница на Република Северна Македонија објави соопштение за овој случај во кое посочи дека досегашниот муфтија е разрешен и мора да ги напушти канцелариите, а како в.д. е назначен Селвер Џемаили.

– На 9 ноември, Ќани Несими е разрешен од функцијата муфтија на Тетовското муфтиство со едногласна одлука на Ријасетот, а истовремено од тој момент тој нема право да ги користи печатите на муфтиството, ниту да се појавува во јавноста како муфтија. Неговото име како муфтија е избришано и од Централниот регистар и на негово место стои вршителот на должноста назначен од страна на Ријасетот на ИВЗ на РСМ, д-р Селвер Џемаили, се вели во соопштението на ИВЗ објавено на социјалната мрежа Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар