Новогодишно обраќање на градоначалникот на Штип

Од:

„Изминуваат и последните денови од годинава, а пред нас е 2018 година.

Две илјади и седумнаесетта беше година на многу предизвици. Сите ние со ентузијазам влегуваме во 2018 г., со мисла за подобар и посреќен живот.

Две илјади и седумнаесетта беше годината во којашто ме избравте за градоначалник. Благодарен сум за укажаната доверба, но и одлучен интензивно да работам на остварувањето на ветените проекти.

За неполни два месеци, со ваша помош и поддршка, започнавме амбициозни планови и сериозни проекти.
– Ја намаливме цената на водата.
– После триесет години, започнавме проект за изградба на детска градинка во населбата Сењак.
– Обезбедивме донација во висина од 200.000 евра за штипската клиничка болница.
– Во текот на изминатите два месеци откако сум градоначалник одржав бројни индивидуални и групни средби со над петстотини граѓани, како и со многу министри, дипломати, претставници на невладини организации и здруженија на граѓани.
– Започнавме изградба на дел од патот Шашаварлија – Кошево, како и реконструкција на улици во населбите Сењак, Баби и Дузлак.

И во 2018 година, мој главен приоритет е висок квалитет на живот за штипјани. Затоа, во текот на наредната година ќе започне реализирањето на мноштво проекти заради коишто ме избравте.

Ќе започнам со најважното – во 2018 година ќе работиме посветено на исполнување на условите за гасифицирање на Општина Штип.

Во буџетот за наредната година за капитални инвестиции издвоени се 180.000.000 денари, кои, меѓу другото ќе бидат насочени кон: прва и втора фаза на обиколницата, финализирање на започнатите проекти за реконструкција на улици, но и изградба на нови патишта.

Лобираме за да добиеме средства за изградба на пат од Света Недела до с. Радање, со што дополнително инфраструктурно ќе ги збогатиме и поврземе Штип и Карбинци.

Успеавме да излобираме проектот Брана на река Отиња да влезе во Програмата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Детски игралишта со справи за деца, проектирање на аква паркот, почеток на изградба на училишен затворен базен, реконструкција на трибини на градскиот стадион, трибини за помалите игралишта, четири пати повеќе средства за рекреација и спорт на учениците. Сето тоа и повеќе ќе биде дел од проектите со кои штипјани ќе почувствуваат вистинско подобрување во секојдневното живеење.

Јас и во иднина ќе продолжам да работам транспарентно, застапувајќи ги интересите на граѓаните.
На сите вас ви посакувам посакувам добро здравје, многу љубов, спокојство и лични успеси и на приватен и на професионален план во годината што доаѓа.

Среќна Нова година! Нека ни биде успешна и бериќетна“, изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

Би можело да ве интересира

Штипско културно лето започнува на 24 јуни

А1он

Утре ќе биде изменет сообраќајниот режим на експресниот пат Штип – Кочани

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски