Новогодишни пакетчиња за деца со церебрална парализа

Од:

Премиерот Никола Груевски и министрите за здравство и за труд и социјална политика, Никола Тодоров и Спиро Ристовски, денеска ги посетија и им подарија пакетчиња на децата со церебрална парализа кои го користат дневниот  центар во Капиштец, каде што беше организирана и новогодишна приредба.

Центарот е отворен во декември 2005 година и го користат 32 деца од Скопје на возраст од три и пол  до 18 години. Целта му е да го поддржи интегрирањето на децата со церебрална парализа во образованието и да им даде третман и рехабилитација. Покрај деца од Скопје има и две што доаѓаат од Куманово.

Центарот работи од понеделник до петок, а за неговите корисници е обезбден  и превоз.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лондон, Њујорк, Париз, Дубаи спектакуларно влегоа во 2026

Катерина Ѓуровски

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

(ВИДЕО) Спектакуларен огномет во Сиднеј: Австралија ја пречека 2026 година

Горан Наумовски

Нов Зеланд ја дочека Новата година со огномет

Самоа и Киритимати први ја дочекаа 2026 година

Горан Наумовски

Новата година патува низ светот: 2026 први ја пречекуваат Кирибати, последни Американска Самоа, Бејкер и Хауленд