Новогодишни градежни активности во Бардовци

Од:

Веднаш по Новогодишните празници, Општина Карпош продолжи со интензивни комунални зафати во населеното место Бардовци. Во оваа месна заедница, во моментов се тампонира ул.„ 2“ и ул. „К“ , која се наоѓа покрај железничката пруга, сé со цел да им се подобри пристапот на граѓаните до нивните станбени објекти.

Освен овие активности, во тек е изградбата на детската градинка во оваа населба. Оваа капитална инвестиција ќе чини 24 милиони денари, од кои 7.200.000 денари се финансиски средства обезбедени од Светската Банка, додека преостанатиот дел од финансиската конструкција ќе го покрие Општината од своите буџетски средства.

Исто така, во завршна фаза е и реконструкцијата на објектот на месната заедница при Општина Карпош, кој се наоѓа во оваа населба.

Се очекува во најскоро време, просториите да бидат функционални и да бидат сервис за потребите на бардовчани, соопштуваат од Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски