„Новогодишна ЗОО-бајка“ во Зоолошката градина во Скопје

Од:

Во Зоолошката градина во Скопје денеска и утре првпат ќе се одржи дводневна забава за деца – „Новогодишна ЗОО-бајка“.

Од 12 до 16 часот најмалите посетители ќе имаат можност да уживаат во богата новогодишна програма и во двата дена.

Денеска и в недела од 12 часот е закажана претставата „Новогодишно чудо“ со Дедо Мраз, а потоа јунаците на „Дизни“ – Мики, Мини и Олаф – ќе делат подароци за секое дете.

За крај, во едукативниот центар е планирана проекција на анимираните филмови „Зоотопија“ и „Фроузен“.

Влезниците се по цена од 100 денари за деца и возрасни и може да се набават на билетарницата на „ЗОО Скопје“, секој работен ден, како и за време на настанот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лондон, Њујорк, Париз, Дубаи спектакуларно влегоа во 2026

Катерина Ѓуровски

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

(ВИДЕО) Спектакуларен огномет во Сиднеј: Австралија ја пречека 2026 година

Горан Наумовски

Нов Зеланд ја дочека Новата година со огномет

Самоа и Киритимати први ја дочекаа 2026 година

Горан Наумовски

Новата година патува низ светот: 2026 први ја пречекуваат Кирибати, последни Американска Самоа, Бејкер и Хауленд