Ново, осмо обвинение за Рамиз Мерко

Од:

Основното јавно обвинителство Струга поднесе ново обвинение против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. И овој пат се однесува на незаконско поставување директор на училиште.

– Обвинетиот свесно ги повредил законските прописи при именување вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Радолишта. Иако Законот за основно образование предвидува дека вршител на должноста директор се избира од редот на вработените во училиштето кои ги исполнуваат условите за директор, обвинетиот на 12.01.2022 година за вршител на функцијата во училиштето во Радолишта именувал лице кое не ги исполнувало таквите услови, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа, соопштија од Обвинителството.

Именуваната ја вршела функцијата директор на училиштето во периодот од 12.01.2022 до 31.07.2023 година, за кој период и биле исплатени плата и придонеси како в.д. директор со што му била нанесена штета на училиштето.

Би можело да ве интересира

Левица: Дали „универзитетот” на Мерко е легализирана дивоградба со намена семејна куќа?

Катерина Ѓуровски

Две години условна и 2.500 евра парична казна за Рамиз Мерко

Ново обвинение за Мерко, овој пат за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим

Мерко денеска на две рочишта за незаконско поставување директори во училишта во Струга и во Велешта

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Пресудите за Рамиз Мерко се доказ за правосудниот колапс на судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица

Градоначалникот Мерко е осуден со 10.000 евра парична казна