Новите протоколи за Итната помош и во „таблет“ верзија

Од:

Министерството за здравство воведува протоколи за работа во Итната медицинска помош кои се однесуваат на интервенциите кои се од витално значење во работењето на тимовите. Со овие стандарди ќе се олесни работата на тимовите и однапред ќе се предвидуваат начините на интервенција.

„Изработени се протоколи за третирање итни случаи во областа на кардиологија (асистолија, тахикардија, брадикардија, миокарден инфаркт, акутна срцева слабост), протоколи од областа на каков било вид траума со начин на имобилизација според стандарди, за невролошки случаи посебно мозочен удар, за итни случаи причинети од средината (студ, топлина), за труења и предозирања“, рече Тодоров.

Форматот на протоколот како алатка ќе биде во печатена верзија која ќе ја поседува секој вработен во Итната медицинска помош, но исто така ќе ја има и во верзија за користење таблет компјутери кои ќе бидат достапни во секое возило на Итната медицинска служба.

Таблет верзијата овозможува брзо пребарување и користење на содржината на протоколот за итна медицинска помош, како и останатите упатства за практицирање медицина базирана на докази.

Би можело да ве интересира

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции