Новиот снег предизвика проблеми во Гостиварско

Од:

Снегот што од ноќва интензивно паѓа, го отежнува сообраќајот по магистралните и регионалните патишта кои минуваат низ гостиварскиот регион.

Висината на снежната покривка во Маврово достигна 70 сантиметри. Поради снег на коловозите забрана за движње на тешки моторни возила има на патните правци кон Стража и Дебар. Повеќето локални патишта се затрупани и речиси непроодни, информираат од локалната самоуправа. Евидентирани се и повеќе случаи на заглавени возила.

Неколку населени места во општина Маврово Ростуше имаат проблеми и со снабдувањето со струја.

– Струја од утрово нема во три села, а во неколку училишта во општина Маврово-Ростуше наставата не е почната. Мобилизирани сме во справуавњето со настанатата состојба, изјави градоначланикот Мукрем Мехмеди.

Во Гостивар и околината утрово наврнаа нови 30-тина сантиметри, но нема поголеми проблеми во одвивањето на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар