Новиот министер за здравство побарал намалување на цените во лабораториите, очекува позитивно да одговорат

Од:

Новиот министер за здравство Беким Сали побарал лабораториите да ги намалат цените на услугите откако со последниот бран од сојот омикрон се чека и по една недела за тестирање во државните институции, а граѓаните скапо ги плаќаат и сите дополнителни анализи. Тој не одговори на новинарско прашање дали државата планира да купува услуги од приватните лабораториите поради зголемените потреби на пациентите, но рече дека очекува позитивно да одговорат за намалување на цените.

„Ние инициравме состаноци со сите чинители кои влијаат врз формирање на финалната цена на една услуга и очекуваме позитивно рефлектирање од нивна страна, да имаат разбирање и спремност цените да бидат симнати. Повеќе чинители има во формирање на цената, тоа се увозници, веледрогерии, лаборатории и Фондот за здравство. Во контакт сме со Фондот за здравство и преку нив комуницираме и со лаборатории и со увозници, јас се надевам на позитивно рефлектирање од нивна страна. Секој ден имаме ублажување, односно намалување на бројот на новоинфицирани и на бројот на хоспитализирани пациенти. Јас се надевам дека во пократок период веќе нема да има потреба од преземање на конкретни мерки кон лабораториите и останато. Ние чисто ги замолуваме нив, бараме од нив да преземат мерки колку што е можно повеќе да ја намалат цената која што е финална кон граѓанинот“, рече министерот Сали.

Со последниот бран, откако бројките се доближија до 2000 новозарзазени дневно, термини за тестирање во државните институции нема. Се чека за тест и по седум дена, колку што сега трае изолацијата за асимптоматски случаи, па граѓаните и за тестирање и за дополнителни лабораториски анализи плаќаат во приватните лаборатории.

Би можело да ве интересира

Сали со честитка за Божик: Нека овој свет ден биде повод за духовно размислување што ќе ја зацврсти општествената хармонија

А1он

Беким Сали e именуван за прв вицепремиер на денешната владина седница

Горан Наумовски

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции

А1он

Беким Сали нов лидер на Алтернатива, Ибрахими поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Бекам Сали и Мухамед Хоџа нови министри, Муртезани ја напушта владата

Горан Наумовски

Беким Сали станува прв вицепремиер, а Мухамед Хоџа ќе биде министер за екологија