Новиот градоначалник на Крива Паланка го прими уверението од ОИК

Од:

Претседателот на Општинската изборна комисија од Крива Паланка на свеченост која се одржа во Градскиот музеј му го врачи уверението на новиот градоначалник Борјанчо Мицевски, кој на на првиот круг од изборите на 15 октомври како кандидат на коалицијата предводена од СДСМ освои повеќе гласови од противкандидатот, поранешниот градоначалник од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Арсенчо Алексовски.

Мицевски во обраќањето изрази благодарност до граѓаните кои го поддржаа и до сите кои придонесоа за фер и демократски избори.

– Благодарност до граѓаните што ми ја дадоа довербата и се надевам ќе ја оправдам.Во наредниот период ќе работам во реализација на се што ќе биде добро и полезно за општината. Благодарност и до ОИК за професионалноста во работењето и што изборите протекоа во демократска атмосфера, но и до претходниот градоначалник за се што е сработено и предизвиците со кои се справиле успешно. Наша задача како градоначалници е да оставиме белег на времето со својата работа, рече Мицевски.

Алексовски му го честиташе изборот на Мицевски посакувајќи му успешна работа.

– Ви честитам и посакувам успешно да работите во следниот период. Нас градоначалниците не ценат по она што сме го сработиле и оставиле на граѓаните. Работев посветено и како градоначалник се трудев да создадам дела за добро на граѓаните. Сметам дека направив многу за општина Крива Паланка и очекувам новиот градоначалник да направи уште повеќе, порача Алексовски.

На свеченоста на градоначалникот ,Борјанчо Мицевски симболично му беше врачен и општинскиот клуч.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори