Новиот бран на ВМРО-ДПМНЕ ги зафати училиштата во Штип

Од:

Новиот бран на промени на директорските места на институциите со кој раководат кадри од ВМРО-ДПМНЕ, кој премиерот го најави уште кон крајот на месец јуни, затропа и на вратите на образовните институции во Штип.

На стартот на новата учебна година градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, одлучи да назначи нов општински просветен инспектор и нови директори на дел од основните и средните училишта.

За општински просветен инспектор е именуван Јовче Арсов, долгогодишен професор во гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип. Досегашниот општински просветен инспектор, Ванче Маневски, кој на оваа функција дојде по локалните избори во 2009 година, сепак, останува раководител на Секторот за јавни дејности и локален економски развој во Општина Штип.

Стартот на новата учебна година се покажа како неуспешен и за Томе Коловски, кој во изминативе четири години ја извршуваше функцијата директор на средното општинско училиште „Коле Нехтенин“. Во неговата фотелја од денес и официјално седнува Атанас Крстевски, долгогодишен професор во ова училиште.

Во наредните неколку денови се очекува смена на уште неколку директори на училиштата во Штип, бидејќи, според изјавата на Захариев дадена за локалните медиуми, дел од директорите се веќе заморени и им е потребно освежување.

Меѓу граѓаните веќе подолг временски период кружат шпекулациите дека ќе има смени и во директорските фотелји на средното медицинско и текстилно училиште, како и на основното училиште „Тошо Арсов“.

Дел од граѓаните ваквиот чекор на Захариев го оценуваат како обид за бришење на „трагите“ што зад себе ги оставил претходниот градоначалник Зоранчо Алексов, кој, исто така, беше кадровско решение на ВМРО- ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор, судењето закажано на 27 ноември