Новиот амбасадор на Словенија ги предаде акредитивите

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, во понеделникот ги прими копиите од Акредитивните писма од новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Словенија, Бранко Раковец.

Министерот Попоски му посака добредојде на амбасадорот Раковец упатувајќи желби за успех во вршењето на новата функција, истовремено заблагодарувајќи се за досегашната безрезервна поддршка на Република Словенија во европските и евроатланските интеграциски процеси на Република Македонија, како и за севкупната соработка на билатерален план.

Амбасадорот Раковец изрази убедување дека Словенија ќе продолжи да гради најдобри можни односи со Република Македонија со максимален ангажман и посакување Република Македонија да го добие заслуженото место во ЕУ и НАТО.

Соговорниците заеднички констатираа дека треба да се продолжи со инцијативите за унапредување на економската соработка имајќи ги предвид неповолните трендови на овој план во Европа и светот.

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

Словенија доби нова влада, Јанша е премиер

Словенија забрани слетување на израелски авион, летот беше пренасочен кон Хрватска

А1он

Јанша потпиша коалиција: „Секој што не е против нас може да биде со нас“

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски