Новинарските организации бараат поголема одговорност од медиумите при објава на сатирични содржини

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагираат на објавите со измислените изјави поврзани со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, со оценка дека на овој начин јавноста може да се доведе во заблуда и да се шират дезинформации.

Иако станува збор за содржина од сатиричен карактер, медиумите кои во јавноста се препознаваат како професионални не треба да го занемарат фактот дека ваквите содржини лесно можат да бидат прифатени од пошироката јавност како вистинити, особено ако темите се во контекст на актуелни политички случувања.

Станува збор за објавата во неколку медиуми во која се вели дека градоначалникот на Струга Мерко „јадел често и на сила само за да ги помогне угостителите, а за тоа било платено од страна на општината“, при што на крајот од текстот е наведено : „Прочитајте ја целата сатирична вест на порталот „Кооперација““.

ЗНМ И СЕММ им укажуваат на медиумите доколку користат вакви објави кои имаат сатирична содржина најмалку што можат да направат уредниците е на многу јасен начин, на почетокот на текстот, да истакнат дека станува збор за измислена содржина. Притоа треба да се свесни за можноста од дезинформирање на граѓаните, особено имајќи предвид дека читателот неретко се задржува на насловот и кратко поминува низ содржината на објавата.

Во услови кога ширењето дезинформации е сериозен проблем, несоодветното и неодговорното користење сатирични содржини, кое привлекува големо внимание и на социјалните мрежи, во јавноста може да се толкува како тенденциозен обид за злоупотреба на медиумот, правејќи штета на угледот не само врз конкретна индивидуа, туку и на општествените процеси.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје