Новинарот Кежаровски останува во притвор

Од:

Со образложение дека може да избега, Кривичниот совет денеска му го продолжи притворот на новинарот Томислав Кежаровски за уште триесет дена. Ова е трет пат како му се продолжува притворот од траење по 30 дена, иако неговата сопруга понуди недвижен имот, како гаранција дека нема да бега.

За притворот на Кежаровски имаше многу реакции и од македонските но и меѓународните здруженија на новинари, со оглед дека не е јасно зошто е покрената постапка против новинарот сега после пет години откако ја објавил информацијата за „заштитениот сведок“.

-Во македонскиот закон за кривична постапка, во членот 191 се утврдени околностите под кои може да се изрече мерката притвор: опасност осомничениот да ја напушти земјата, да влијае на сведоците и да го повтори делото. Според досегашните сознанија со кои располагаме и консултациите што ги имавме со правни експерти, ниту еден од овие услови не е исполнет за да се оправда притворот против Кежаровски. Се сомневаме дека основна причина заради која е притворен новинарот еда му се изврши притисок да го открие изворот на информацијата, реагираше во јуни ЗНМ.

Итно ослободување на Кежаровски побара и Асоцијацијата на Европски новинари.

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

„Живот во кутија“ – прва книга на новинарот Томислав Кежаровски

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ