На новинарот Томислав Кежаровски Кривичниот суд му го продлжи притворот за уште 30 дена. Судот се оглуши од барањата на медиумската заедница дека неосновано се држи во притвор новинарот на „Нова Македонија“, кој е осомничен дека го открил идентитетот на заштитниот сведок во судскиот случај Ореше. Кежаровски во притвор ќе остане уште 30 дена.
Кривичниот суд му го продолжи притворот по два основа – поради опасност да побегне и да ја попречи недовршената истрага.
Кежаровски беше уапсен во акцијата Ликвидација, заедно со неколкумина судии и обвинители вклучени во судскиот процес Ореше. Новинарите неколкупати досега протестираа пред судот барајќи домашен притвор за Кежаровски, сметајќи дека причините за негово затворање се неоправдани.
Сепак, од судот останаа на својот став дека тоа не било возможно, бидејќи сведоците во овој дел од постапката се уште не биле сослушани.
– Причините за затворањето на новинарот Томислав Кежаровски дека ќе влијае врз јавноста и ќе се даде во бегство се неоправдани. Побаравме во правна постапка да се преиспита мерката притвор за новинарот, а судијата по службена должност треба да ги разгледа околностите за да може да ја замени мерката со домашен притвор – изјави главниот и одговорен уредник на „Нова Македонија“, Зоран Димитровски по средба во Кривичниот суд, на 04.06.2013.