Новинарите кон Поповски и Селмани: Лицемерни сте, постојано сме под закани

Од:

Новинарот Един Хајдерпашиќ по завршување на прес конференцијата која се одржа по повод меѓународниот ден на слободата на печатот го запраша претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани на која страна е всушност тој, дали ги брани правата на медиумските работници или пак ја поддржува политиката на сите влади досега која според него се коси со правата на новинарите и медиумите во известувањето.

-Насер, на која страна си ти, за чии права се бориш? Лицемерни сте, седите тука во машни и костуми, додека новинарите се под закани, уцени и истраги. Велите дека работите на подобрување, но всушност не преземате ништо во врска со тоа, новинарите работат за плата помала од 300 евра, рече Хајдерпашиќ по што доби краток одговор од Селмани во прашална форма – очекувате ли јас да ви дадам плата.

Медиумските работници прашањето за ниските плати го упатија и до министерот за транспарентност и отчетност, Роберт Поповски, чиј одговор беше дека нема магично стапче за зголемување на платите, а и не може да ги натера со сила сопствениците на медиумите да го направат тоа.

-Немаме магично стапче, работиме на зголемување на платата на сите граѓани во државата не само на новинарите. Ќе ги повикаме сопствениците на медиумите на дискусија за да изнајдеме заедничко решение, рече Поповски.

Денешната дебата се одржа по повод меѓународниот ден за слобода на печатот. Претходно на прес конференција покрај Селмани и Поповски се обратија и в.д. шефот на одделот за политички прашања, информации и комуникации од ЕУ, Лукаш Холуб и шефот на политичко-економската канцеларија при Амбасадата на САД, Дејвид Стивенсон.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски