ВИДЕО: Новинарите го прашаа Филипче зошто дошол на протестот

Од:

На денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив, министерот Венко Филипче, беше прашан од новинарите зошто е присутен на протестот, со оглед дека тие протестираат против системот, а претставник на системот е токму тој. Филипче не одговори конкретно на прашањето, туку само најави нови мерки за справување со овој проблем со кој се соочуваат здравствените работници.

Тој рече дека започнале кампања за враќање на довербата помеѓу пациентите и здравствените работници.

„Со министерството за правда и за внатрешни работи започнавме акција, со која сакаме да укажеме дека сите тие напади се казниви, дека се предвидени парични казни, но и казна затвор. Еден дел од напаѓачите, во последните случаи на насилство над здравствени работници, завршија во притвор“, рече Филипче.

Тој најави мобилна патрола во старата градска болница, каде, како што рече, имало најмногу инциденти, особено во дежурствата.

Филипче уште еднаш упати осуда кон насилствата над лекарите и здравствените работници, кои пожртвувано ја работат својата работа спасувајќи ги животите на сите пациенти. Тој најави и мерки за зголемување на дигнитетот на лекарите, преку, како што рече зголемување на платите и унапредување на услугите на кои работат тие.

Министерот рече дека во клиниките има вработено обезбедување кое не е ефикасен начин за решавање на овој проблем со насилството. Анализирале со МВР и заклучиле дека најсоодветно решение е ангажирање на полициски службеници.

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски