Нови свлечишта на територијата на Крива Паланка

Од:

Локалната самоуправа на општина Крива Паланка деновиве работи на расчистување на дел од новонастанати свлечишта кои се појавија изминатите неколку денови.

Поголемиот број од нив се на општествен, но има и неколку на приватен имот, информира градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

– Многу нови свлечишта деновиве се појавија на територијата на општината, последица од временските неприлики и поројните дождови во изминатиот период. Комисијата за проценка на штетите изврши увид и ги пријави до надлежните државни институции за одобрување на средства за санација, бидејќи во неколку случаи станува збор за свлечишта од поголем обем и општината не е во можност да обезбеди средства за нивна санација, рече Алексовски.

На сите свлечишта кои се наоѓаат на општествен имот извршена е делумна санација за да се овозможи непречено движење на возилата на патните правци каде се настанати.

– Иако дел од свлечиштата се санирани неколку пати во изминатиот период, сепак на одредени локации постојано се појавуваат, за што се известени надлежните државни институции со чија помош ќе се извршат неопхподните истражувања и проценки на земјишната клизна површина и големината на опфатот кој подложен на свлекување за да се изнајде трајни решение на проблемите со свлечиштата, додаде Алексовски.

Што се однесува на свлечиштата кои се на приватен имот, општинската Комисија за проценка на штети од природни непогоди извршила проценка која е доставена до Државната комисија за проценка на штетите, а локалната самоуправа нема надлежност за нивна санација.

Би можело да ве интересира

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот

Седумдесет и шестгодишен жител на Крива Паланка убиен во неговиот дом

А1он

Голем пожар на градската депонија во Крива Паланка