Нови снимки: Милошоски се јавувал во Врховен суд да интервенира во предмет каде е вмешан неговиот татко

Од:

Нови аудио-снимки од разговори се објавени на сервисот „Јутуб“, овојпат, од канал именуван како „ГолиТру“. Станува збор за пет снимки, на кои се слуша како Милошоски интервенира за донесување одлука во Врховниот суд за спор каде е вмешан неговиот татко.

На снимките се слуша гласот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој разговара со повеќе лица, а во врска со предмет за Здружение на возачи-Кичево за кој одлучувал и Врховниот суд.

Во предметот бил вмешан таткото на Милошоски. На првата снимка објавена на „Јутуб“, се слуша како Антонијо Милошоски му се претставува на експретседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

„Ало добровечер. Јово, здраво живо. Анотнијо Милошоски е на телефон, што правиш, добар си?“, прашува Мишопоски, а Вангеловски одговара „Добар, добар, како си ти?“.

Милошоски му објаснува на Вангеловски дека е во Собрание и дека ќе гласаат закон.

„Сакав да те прашам, за ова што ти споменав за тој предметот на Здружение на возачи-Кичево.. Татко ми ми се јави ми кажа дека добил некоја информација сега од Врховен суд, дека е одлучено, но не баш поволно. И така. Па реков да те прашам, да не имаш некаква информација?“, прашува Милошоски.

„Сега, сега ќе се јавам. Затоа што тој предмет беше кај Николчо Николовски. Јас убаво му кажав и за кого е, и како е, и за кого“, вели Вангеловски.

„Ајде важи. Ај ако можеш провери го, поврзи ме со него, па да го чуеме“, вели Милошоски, а пак, Вангеловски се надворзува „Еј може и вака, директно, најдиректно. Бидејќи ќе имате комуникација“ по што му диктира телефонски број на Милошоски.

„Ќе му се јавам ќе му кажам дека сме се чуле и така“, му вели Милошоски на Вангеловски, се слуша на снимката.

Во вториот разговор кој е објавен на „Јутуб“, повторно се слуша Антонијо Милошоски, кој овојпат разговара со судијата Николче Николовски. Милошоски му се претставува на судијата, по што му кажува дека пред некое време „разговарал со Јово за предметот за Здружение на возачи-Кичево“.

„Во однос на тој предметот што беше за Здружение за возачи-Кичево, имаше некоја некоја жалба против татко ми, нешто друго. Нешто да не имаш некој исход или како се движат работите?“, го прашува Милошоски судијата, по што тој вели: „Кажи ми што предмет беше тоа? Работен спор да не беше тоа? Боледување нешто, таква работа“, а Милошоски потврдува и вели: „Работен процес, злоупотреба на боледување“.

„Мислам, да ти кажам право, дека помина со усвојување, дали се укина и се врати назад – сега не ме ржи за збор. Имаше само некоја контрадикторност во … ова ти зборувам во сеќавање. Може ли утре да видам, па да се слушнеме?“, вели судијата, а Милошоски враќа: „Да, да, може, секако. А веќе е завршено, запишано се?“

„Не сум сигурен, да погледнам утре во писарницата и ако сакаш утре или во четврток да се слушнеме. Утре би ти се јавил јас, ама утре судиме. Некаде после два“, вели судијата, а Милошоски му одговара: „Важи, важи, јас сум цел ден во Собрание, може во секое време“. Судијата на крајот од разговорот вели: „Само бидејќи не ти се чита бројот, пушти ми една порака, за да знам на кој број да се јавам, договорено“.

Третиот разговор е меѓу Антонијо Милошоски и лице, кое најверојатно е неговиот татко бидејќи на самиот почеток му се обраќа со „еј сине“. Тој објаснува што направил претходно, со кого разговарал и за што, како и што може да се направи за случајот.

„Се слушнав со тој, Николче Николовски, некој од Врховен, Јово ми го препорача. ‘Па да видиме утре да проверат, не знам таму како беше, да проверам. Имаше некоја нелогичност во здравственото, во контролата, нешто така’. Го гледам нешто вртеше околу“, вели Милошоски, а на ова добива одговор: „Не, не, завршена работа. Оти јас бев досега, од брод, правникот Зоре, па да се видиме… Ги однесов до „Панорама“, па сега пред околу саат време ми се јави Анче. Прво ми кажа за ова што е, дека тоа е вратено на соочување…. Зоре ми кажа дека имал судење денес, се нашол со оваа адвокаткава, кажувала таму Раде се врати…“.

„Џабе се јавуваше тој Јово од Врховен, ама аирлија, тие само за пари работаат и за ништо друго“, вели Антонијо Милошоски, а добива одговор: „Па сега, што е тоа е, нема што да правиме“. Потоа, повторно се надворзува Антонијо Милошоски: „Да се јавам кај оваа од Гостивар, да видам таму како е што е. Вие утре сте во 10?“, а му одговараат „Да“.

Во следниот разговор, на „Јутуб“ именуван како „4 милошоски судијка траил 0“, се слуша како Милошоски се претставува и кажува дека утре од 10 часот имало закажано, додека женскиот глас, објаснува дека се јавила кај судија и дека ќе го потсети уште еднаш.

„Денес чисто, да се јавам. Утре во 10 тие ќе имаат“, вели Милошоски, а соговрничката вели: „Знам, јас сабајле го побарав судијата. Па после го побарав уште еднаш..вчера немавме.. во градот.. До кај 12 сите судења ни се одлагаа и беше да излезе, после го побарав, имаше странки во канцеларија и рече ќе наминам. Веројатно останал повеќе време и рече ‘Немај гајле колешке, ќе наминам да се видиме’. Ама не дојде, веројатно многу се задржал. Сабајле пак ќе го потсетам уште еднаш ама мислам дека ќе нема проблем“. Милошоски и се извинува на соговорничката што и одзема време, а таа вели: „Нема проблем, што може, тука сме“.

И во последниот разговор се слуша како разговараат Милошоски и Вангеловски, за тоа што претходно било разговарано со судијата Николчо Николовски.

„Направивме муабет, ама не знам, Николчо.. Сега барам една адвокатка од Кичево, што го застапувала тој од спротивнава страна, како да не испаднала работава. Оти Основен пресуди дека човеков е правилно испуштен од работа бидејќи користел лажно лекарсно уверение. Апелација потврди дека е правилно решението за испуштање од работа бидејќи е користено лажно лекарско уверение. И сега, Николчо вчера не ми беше јасен или можеби не сакаше да биде јасен, ‘Па не знам имаше таму некоја фалинка, нешто, ај дозволи ми утре да проверам’… Мене ми е многу важно, ако ово предмет падне, ќе треба Здружението на возачи од Кичево да му исплати на овој 35 илјади евра и да го врати на работа. Ставарно користеше лажно, затоа што јас тогаш Маја Парнаџиева ја замолив да прати инспектор и појде во увидните книги, бил ли кај вас овој пациент – не бил. И човеков си мереше по кафани низ Кичево, мислам мал град е. Така што не знам Николчо што направил, ама ако можеш да интервентираш дополнително“, му објаснува Милошоски на Вангеловски во разговорот.

„Вака, Николчо сега од сабајле суди. Некаде околу еден саат обично прават пауза, така што веднаш чим ќе биде достапен, ќе го направам тој муабет со него. И малку, да ти кажам ми е чудно неговото кажување, бидејќи многу убаво знаеше. Претпоставувам и ти кажа муабет дека знаеше за случајот, нели?“, му вели Вангеловски на Милошоски.

„Па тој се сети на случајот“, вели Милошоски, а Вангеловски допрашува: „А се сети на тоа дека јас му кажав“, по што добива одговор од Милошоски: „Не спомна ништо. ‘Да видам, дозволи ми да проверам, да видам како е’…Така, малку..“.

„Многу јасно и концизно му кажав за кого станува збор, да го има во предвид, нели? Затоа ми е малку симптоматично тоа негово објаснување. Во секој случај, ќе ти јавам веднаш после тоа“, вели Вангеловски на крајот од разговорот.

 

Би можело да ве интересира

Османи: Дел од фабрика на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ е дека постои документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите документи

СДСМ: Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

Милошоски: Раштимана делегација во Минхен, двоглавото претставување е за потсмев

САД: Евакуација по добиени дојави за поставени бомби

Милошоски: Пендаровски ја релативизира позицијата во која не донесе Владата

Катерина Ѓуровски

Неколку училишта и некои институции во Белград утринава добија дојави за поставени бомби