Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

Од:

Во февруари пријавени се и четири случаи потврдени на ХИВ и еден на СИДА, од машки пол, кои се на возраст од 20 до 39 години.

– Пријавен е еден смртен случај од СИДА, пријавен како заболен во 2018 година, од машки пол, кој припаѓа на возрасната група од 35 до 39 години. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи, заклучно со 29 февруари, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Северна Македонија, за периодот 1987–2024, изнесува 645 и тоа – 127 лица починале, 518 лица живеат со ХИВ/СИДА, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Во текот на февруари, пристигнати биле две пријави за заразно заболување за ентероколит кај странски државјанин од Шведска и шуга кај странски државјанин од Хрватска, кои престојувале во Република Северна Македонија, информираат од ИЈЗ.

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Само во „Димо Хаџи Димов“ се најдени патогени бактерии

Горан Наумовски

Годинава има 38 новозаболени од ХИВ/СИДА во Македонија

Андоновска: Се прават дополнителни анализи кои не се поврзани со храната и водата од О.У. „Димо Хаџи Димов“

Адеми: Европската Комисија ни даде најслаби оценки, такви не сме добиле во последните десет години

ИЈЗ: Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево

А1он

Вајц: Усвоен е првиот извештај за напредок на Македонија во ЕП

Горан Наумовски