Нови рочишта за „Титаник“ и „Насилство во општина Центар“

Од:

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат нови рочишта за случаите „Титаник“ и „Насилство во општина Центар“ на Специјалното јавно обвинителство.

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на материјално докази.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер, Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

Рочиште треба да се одржи и за предметот „Насилство во општина Центар“ во кој за насилствата пред општинската зграда на 10 јуни 2013 година обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, ексминистерoт за транспорт и врски Миле Јанакиески, актуелната пратеничка во Собранието Даниела Рангелова и тогашниот советник во општина Гази Баба Александар Трајковски.

Би можело да ве интересира

Кривичен: Обвинителство се уште нема одговорено по жалбата за притворот на Стефан Богоев, по комплетирање предметот ќе биде доставен на одлучување

Признание за случајот „ИПАРД“: Обвинета призна дека земала мито, судењето продолжува за поранешни функционери

Горан Наумовски

Кривична за двајца службеници од Кривичниот суд, едниот е во затвор, другиот во домашен притвор

Горан Наумовски

Елек за спасување од „Титаник“ продаден за 906.000 долари

А1он

Кривичен суд: Една казна за Груевски e застарена, две пресуди остануваат активни

Горан Наумовски

Намален број на поднесени приговори за „Безбеден град“, од 476 во февруари, на 65 во март