Нови протести на ВМРО-ДПМНЕ, се бара оставка од премиерот Заев

Од:

ВМРО-ДПМНЕ попладнево пак преку протести го искажа незадоволството од политиките на власта, од тоа како се водат разговорите со Бугарија, а опозициската партија го повтори и барањето за оставка на премиерот Зоран Заев. Во рамки на протестот што се одржува под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот!“, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ еден час ги блокираа приодите кон објектите на Владата, МНР и Министерството за правда, а вечерва се протестира и во 20 други градови.

Пред зградата на Владата зборуваше пратеникот Игор Јанушев, кој обвини дека премиерот Заев како што кажа „наголемо ја распродава Македонија и македонските национални обележја, за се што е македонско“.

-Ние, треба да се срамиме единствено од нив, од Заев, од Бучковски и тие околу него. Имаме двајца докажани криминалци, двајца осудени криминалци кои преговараат за се што е македонско, на кои што овде не им е местото, истакна Јанушев.

Од пред Владата пратеникот Јанушев им порача дека „правдата знае да биде бавна, но не и слепа и дека за сето ова зло што им го прават на Македонија и на македонскиот народ, ќе се најдат онаму каде што заслужуваат, пред лицето на правдата“.

Сакаме во Европа, сакаме во ЕУ, но европските вредности, додаде Јанушев, се демократија, владеење на правото, борба со корупцијата, а за сите овие работи овие во Влада преставуваат антипод на тие вредности.

Пред Министерството за надворешни работи зборуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, според кого, мора да си го зачуваме нашиот идентитет затоа што на власта не и е гајле за него. Назначувањето на Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија, додаде тој, нема ништо да реши и не може таков човек да биде специјален претставник на Македонија

-Овие луѓе само го продлабочуваат проблемот. Сега откако назначија уште еден специјален претставник на Република Македонија за преговарање верувајте дека уште повеќе нема ништо да се реши. Значи не може таков човек да биде специјален претставник на Македонија. Тој да сакал имал шанса и ќе го решел тоа од 2006 година, рече Арсовски и, како и неговите сопартијци од другите локации, побара оставка од Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек со дамки и лузни, нека не глуми чесен

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“

Бојковска: СДС бара да се скратат спортските субвенции зa 334 милиони денари

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст