Нови промени на локално ниво во СДСМ, назначени 10 нови претседатели на општински организации

Од:

„Со новиот начин на работа, СДСМ за прв пат воведе мониторинг систем врз работата на Општинските организации и мерит систем“, соопштува СДСМ.

„По спроведената системска евалуација, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во координација со генералниот секретар Љупчо Николовски и ракодовството на партијата, назначи претседатели на 10 општински организации на СДСМ:

Во Гостивар за претседател на Општинската организација на СДСМ е избран Станиша Матески.

Во Новаци – Наумче Смилевски

Во Желино – Аднан Демири

Во Росоман – Анета Јоновска Љубенова

Во Сопиште – Далибор Богдановски

Во Ѓорче Петров- Костадин Ацевски

Во Демир Хисар – Николче Димитријовски

Во Јегуновце – Александар Стефановиќ

Во Студеничани – Елвира Мелиќ

СДСМ победува и се менува и затоа довербата и поддршката од граѓаните постојано растат.

А расте и мрежата на СДСМ. Веќе се формирани нови општински организации на СДСМ во општините Желино и Липково.

Со тоа СДСМ е единствена партија во земјава која има локална организација во сите општини во државата.

СДСМ е партија којашто е блиска до граѓаните и работи во интерес на граѓаните. Партија која постојано се менува, унапредува и прераснува во отворена, максимално демократска, модерна, разнолика, партија која за прв пат воведува нови концепти и нов начини на функционирање и делување“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски