Нови процедури за постапување со деца жртви на насилство

Од:

Новите процедури за постапување со деца жртви на насилство и на кривични дела, се тема на националната конференција што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Советот за превенција од малолетничко престапништво со поддршка од УНИЦЕФ.

Процедурите беа изготвени минатата година со поддршка од УНИЦЕФ. Тие не воведуваат нови законски мерки туку претставуваат практична алатка за подобра примена на постоечките закони.

Според УНИЦЕФ, спроведувањето на законите е често ограничено поради недостиг на разбирање што претставуваат законите во пракса. Целта на новите стандардизирани процедури е да обезбеди практичен водич за спроведување на законите за правда на децата, за кривична постапка и за граѓанска постапка.

Процедурите беа изготвени за да надополнат сличен комплет од процедури направен во 2014 година за центрите за социјална работа, а понатаму ќе се збогати и со процедури за здравствени работници. Тие даваат насоки за подобро идентификување на децата жртви, проценка на нивото на ризик со кој се соочуваат, спроведување на процедурите, одбирање и спроведување на соодветни мерки за заштита, спроведување разговор со деца жртви како и меѓусекторска соработка.

На националната конференција за постапување со деца жртви на насилство ќе присуствуваат претседатели на судови, јавни обвинители, кривични судии и претставници од полицијата. 

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Најмалку 100 деца се убиени или ранети секој ден во Појасот Газа од 18 март

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ: Децата не можат да си дозволат дополнителен прекин во наставата

А1он

УНИЦЕФ ја осудува секоја повреда на правото на децата на квалитетно и инклузивно образование

А1он

УНИЦЕФ одбележува 75 години од основањето

Ана Ололовска