Нови правила за означување на прехранбените производи од 13. ноември

Од:

Од 13. ноември операторите на храна ќе треба да се придржуваат до новиот правилник кој налага строги одредби за означување на прехранбените производи.

Задолжително ќе треба да биде означено името на производот, нутритивната табела и составот на производот каде ќе мора да бидат наведени сите алергени доколку ги има производот. Минималната големина на буквите треба да биде 1,2 милиметри со цел да бидат видливи за потрошувачите кои ќе се информираат за производот што сакаат да го купат.

Производот ќе може да содржи и доброволни информации во кои спаѓаат нутритивните тврдења како што се дали производот има одредени витамини или минерали, а може да бидат наведени и здравствени тврдења.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Попоски денеска информира дека операторите на храна се запознати со правилникот и изрази надеж дека нема да имаат проблеми со неговата примена.

– Сите оператори со храна треба да ги спроведуваат сите работи што се однесуваат на означувањето на храната. Операторите со храна што извезуваат веќе од 13 декември 2014 години ги спроведуваат овие одредби, а сега и операторите за храна кои ќе ги пласираат своите производи на домашниот пазар ќе ги применуваат, рече Попоски.

Доколку операторите со храна не се придржуваат до правилникот, тогаш, како што најави Попоски, ќе се излезе на терен и ќе се преземат соодветни мерки. Глобите за непочитување изнесуваат од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност.

Правилникот стапи на сила на 3 септември и со него се очекува поголема заштита на здравјето на луѓето од опасностите поврзани со храната.

Би можело да ве интересира

АХВ: Се повлекува чоколадото „милка орео“, во него е пронајдена пластика

Орце Костов

АХВ: На фејсбук страницата „Zeolit MK“ нелегално се продава „Zeo Medic“, производот не е одобрен и нема гаранција дека е безбеден

Повлечен од продажба небезбеден чипс од Косово

АХВ: Засилени контроли на рокот на производите во новогодишните пакетчиња

Орце Костов

Салмонела нема ниту во храната, изворот на заразата во училиштата во Карпош дополнително ќе се утврдува

По случаите со салмонела во училиштата во Карпош, ќе се спроведат инспекциски контроли

Орце Костов