Нови насоки за искачување на Демиркаписката клисура

Од:

Годинава беа формирани многу нови насоки за искачување на Демиркаписката клисура, за рекреактивно качување по карпи, но и за спортски тренинг, соопшти денеска Александар Кленов меѓународен мајстор по алпинизам и меѓународен поставувач на качувачки насоки од Русија, кој живее во Демир Капија и е претседател на спортскиот клуб „Клисура“ од овој град.

– Овие насоки најмногу се наменети за рекреактивно качување по карпи, но, исто така тие можат да се користат и за спортски тренинг. Насоките ги направивме заедно со волонтери и странци вљубеници во клисурата. Поставувањето на насоките е дел од договорот за соработка кој го имаме со општина Демир Капија, а со цел развивање на алтернативниот туризам и во согласнот со економската стратегија на општината Демир Капија, информираше Кленов.

Тој додаде дека и во иднина ќе продолжат да ја помовираат Демиркаписката клисура како идеално место за престој на љубители на повеќе видови на спорт, рекреација и туризам.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза