Нови дојави за бомби во скопски училишта, МВР пак на терен

Од:

Втората смена во неколку скопски средни училишта попладнево добила дојави за бомби. Учениците се пуштени дома, а во училиштата МВР прави проверки.

Министерот за внатрешно работи Оливер Спасовски и премиерот Димитар Ковачевски во неколку наврати изјавија дека заканите за бомби во скопските училишта се дел од хибридни напади кои имаат цел да внесат вознемиреност во државата, а мета се учените како категорија за која општеството е најчувствително.

Министерот Спасовски за бмбите изјави дека веќе имаат добри сознанија од каде доаѓаат мејловите и на кој начин се испраќаат и најави дека ќе им треба меѓународна правна помош за да ги потврдат доказите.

Скопските средни училишта дојави за бомби почнаа да добиваат во октомври. Учениците веднаш беа пуштани дома, а Министерството за образование минатиот месец ги задолжи директорите на училиштата во кои имало дојави за бомби да направат план за одработување на изгубените часови.

Сите досегашни дојави за бомби МВР утврди дека се лажни.

Би можело да ве интересира

Дојави за поставени бомби ги испразни судовите во Подгорица

МВР: Лажни се дојавите за поставени бомби во објекти во Охрид и Кратово

Лажни дојави за бомби во фабрика и основно училиште во Охрид

САД: Евакуација по добиени дојави за поставени бомби

МВР: Лажни се денешните дојави за бомби во Кочани

Горан Наумовски

Неколку училишта и некои институции во Белград утринава добија дојави за поставени бомби