Нови асфалтирани улици во населбата Рид – Прилеп

Од:

Жителите на населбата Рид, во присуство на градоначалникот Марјан Ристески и директорите на јавните претпријатија „Водовод и канализација’ и „Комуналец“, го поздравија асфалтирањето на седум улици на површина од 2 000 метри квадратни.Асфалтирани беа улиците:„Мирче Ацев“, „Селечка“,„Кајмакчелан“, „Бошко Буха“, „Радика“, „Златоврв“ и улицата „Ѓорѓи Димитров“, каде што беше извршена целосна реконструкција и на водоводната и канализациската мрежа.

На површина од 3.000 метри квадратни, со вкупна инвестиција од 1 500 000 денари,улиците „Бошко Буха“, „Селечка“ и „Мирче Ацев“ добија и бехатон-тротоари.

asvaltirani-ulici (2)

Средствата за асфалтирање на овие улици беа обезбедени од општината и од ЈКП „Водовод и канализација“,а патната инфраструктура чинеше 7 500 000 денари. Од локалната самоуправа најавуваат дека и понатаму ќе продолжат со подобрување на патната инфраструктура како во општина Прилеп така и во населените места.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он