Во Здравстевниот дом во Делчево набавени се три апарати за дијагностика на кардиоваскуларни заболувања кои се во вредност од 300 илјади денари сопствени средства од здравствената установа.
Како што истакна на денешната прес-конференција директорката на Здравствениот дом, д-р Тонкица Петровска, апаратите биле неопходни за да може навреме да се воспостави дијагнозата и конретниот проблем кај пациентот кој има кардиоваскуларни потешкотии.
– Едниот апарат е кардиотомограф познат како ЦТГ за трудници, кој ќе биде ставен во употреба на матичните гинеколози. Вториот е рекордер за крвен притисок со софтвер со кој ќе се снима 24 часа крвниот притисок и дневно може по еден пациент да се мониторира, потоа и рекордер за срцева акција со софтер и ќе може по еден пациент да се мониторира, за да се видат срцевите акции и полесно ќе се поставува дијагностика, а со тоа и соодветна терапија, рече Петровска.
Таа додаде дека апаратите ќе бидат ставени во функција за две недели.
– Пациентите повеќе нема да ги праќаме во другите центри за вакви испитувања. Досега им закажувавме во Штип, во Кочани, а со нивното инсталирање во Здравствениот дом, ќе ги ставиме на Мој термин, така што со закажување ќе се организира дијагностиката на овие апарати, рече Петровска.