Нови амбулантни возила и изградба на Центар за изгореници предлага Левица со амандмани кон ребалансот

Од:

„Во услови кога имаме расипничка и десничарска влада, која во континуитет крати средства од ранливите категории и јавното здравство го перцепира само низ призмата на трошок, пратеничката група на Левица амандмански интервенира во Предлог-ребалансот на буџетот за 2025 година, со цел зајакнување на капацитетите на јавното здравство, нагласуваат од Левица.

„Со поднесените амандмани кон ребалансот, Левица предлага издвојување на 1 милион евра за набавка на нови амбулантни возила, имајќи во предвид дека просечната старост на амбулантните возила во Македонија изнесува 14 години, а што е уште позастрашувачки – над 70% од амбулантните возила се донации! За аздисот на сите власти досега, најдобро говори следниот податок – само во 2023 и 2024 година институциите набавиле 270 нови службени возила, додека вкупниот број на амбулантни возила на ниво на државата е одвај 200 возила. Самиот факт дека државата располага со повеќе од 2.600 службени возила, додека за амбулантни возила се чека на донации, ја разоткрива арогантноста на естаблишментските партии и негрижата кон сопствениот народ, односно колку вреди животот на еден човек во очите на оние кои ги креираат општествените прилики.

Дополнително, после незамисливата трагедија во Кочани, се разоткри целосната слабост на здравствениот систем, каде медицинскиот персонал со натчовечки напори е принуден да се бори во катастрофални услови. Токму поради тоа, Левица со амандман предлага издвојување на 10 милиони евра за отворање на Центар за изгореници, кој професионално функционирал во минатото, но за жал, истиот бил затворен. Фактот што веќе ваков центар функционирал во минатото, потврдува дека државата има и стручен персонал и капацитет за отворање на ваков центар кој е од витална важност.

Левица смета дека децениското кратење на средства за јавното здравство, додека се трошат милиони за привилегии на функционерите, го доведе квалитетот на живот во Македонија на дното на европскиот континент. Квалитетот на здравствените услуги директно го ефектира животот на секој еден граѓанин и апелираме до властите да го напуштат политичкиот менталитет на штедење пари од здравствениот сектор – затоа што човековиот живот нема цена, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица е за укинување на пржинската влада, но инсистира на една изборна единица и се фер рекламирање

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Левица: Љутков со „упатство“ поништува судски пресуди за плати во културата

Горан Наумовски

Левица: Комисии за боледување наместо лекување – административна тортура врз повредените во „Пулс“

Левица: Поддршка до народот на Венецуела и нејзиниот демократски избран претседател Николас Мадуро

Предраг Петровиќ

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип