Нови 600 вработувања во МВР

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски очекува веќе следната недела да биде објавен огласен за нови 600 вработувања во МВР, како резултат на тоа што дел природно заминале во пензија, а дел поради потребите за да се зајакне кадровски.

– Многу малку се водело сметка за квалитетен кадровски потенцијал во рамки на МВР, тоа го согледуваме сега откако изминавме период од речиси шест месеци, кога анализиравме, истражувавме и дојдовме до заклучоци дека навистина во изминатите години е правен би рекол епски криминал, а за тоа да се санкционира за да излезе пред правдата, основано сомневање, потребен е човечки кадровски потенцијал, изјави Мицкоски, кој денеска присуствуваше на поставување на камен-темелник на доградба на детска градинка „Кокичиња“ во село Таринци, во Општина Карбинци.

На новинарско прашање за најавениот штрајк во министерствата за економија и за социјална политика и други поради ниските плати, Мицкоски одговори дека во рамки на администрацијата, кај поедини министерства платите се навистина ниски и тука, подвлече, треба да се работи, еден по еден се решаваат проблемите.

– Оваа година согласно општиот колективен договор ќе има покачување, ќе има и следната, така што очекувам во зависност од расположливите средства да се зголемува платата на вработените, изјави премиерот.

Потенцира дека е важно тоа што Владата донесе одлука да нема зголемување на платите на избраните и именувани лица, на судиите, обвинителите и на членовите на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители односно да се нивелираат коефициентите.

– Тоа што го ветуваме, тоа и го испорачуваме. Претходно постигнавме историски договор со Синдикатот на образованието, со синдикатите во здравството. Чекор по чекор ги решаваме работите, трпение, се ќе се реши, но битно е дека се решаваат работите, а не како политиките досега да се ставаат под тепих, изјави премиерот Мицкоски

Би можело да ве интересира

Најмалку што може да направи ЕУ, е да не не дискриминира, вели Мицкоски

Жално е позитивните индикатори во државава да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Да победиме во Скопје и да ги решаваме многуте работи во градот, пред се должничко-доверителни односи, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот

Мицкоски: Кампањата на СДСМ покажува тие се борат за заштита на корупцијата, за заштита на Артан, Зечевиќ, Ковачевски, Маричиќ, Спасовски, Николовски, Бектеши

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев