Нови 30 дена притвор за Миле Јанакиески

Од:

Ексминистерот Миле Јанакиески, и останатите осомничени во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, за малверзации за изградба на три хотели и шпанските скали, добија нови 30 дена притвор, потврдија од кривичниот суд за „А1 он“.

Судот одлучувал по предлозите на Обвинителството на сите да им биде продолжен притворот. Јанакиески беше пренесен на преглед во градската болница „Осми септември“ и во приватна болница, но судот тоа не го прифатил како олеснителна околност за изрекување поблага мерка.

Јанакиески и останатите осомничени имаат право на жалба до кривичниот совет на судот.

Со истрагата која што беше отворена во јуни, покрај Јанакиески, опфатени се петмина вработени во Министерството за транспорт и врски, поранешна државна правобранителка, вработена во катастар, бизнисмен и уште две лица.

Осомничени се злоупотреба на службената положба и овластување и за несовесно работење. Обвинителството тврди дека го оштетиле државниот буџет за 2,64 милиони евра.

Јанакиески и петтемина вработени во Министерството за транспорт и врски, потпишале договори за продажба на двете парцели едната од 4.090 квадратни метри, а втората од 1.046 квадратни метри, но не го следеле исполнувањето на условите од договорите и анекс-договорите и не го вратиле земјиштето во државна сопственост, откако хотелите не биле изградени.

Вториот дел од истрагата е за два договори за државно земјиште со површина од 8.745 квадратни метри, кое било продадено за 71 денари за квадрат, како и уште една парцела од 13.765 квадратни метри за хотел.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Кривичен ја чита пресудата за Јанакиески по свое: Смета дека имало пропусти само во жалбената постапка, не за притворите

Александар Тодески

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

Апелација и изменетиот Кривичен законик го урнаа „Топлик“: Предметот застарува за сите обвинети

Кривичен суд: Во досудената казна затвор на Миле Јанакиески за „Титаник“ веќе е пресметан притворот и куќниот притвор

(ВИДЕО) Јанакиески во „ТНТ“: Ако ме осудите по шести пат нема ништо да се смени, освен што Фијат ќе заработи пари од буџетот

Ландов