Нови 22 заболени од коронавирус, вкупната бројка достигна 136 лица

Од:

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. Петнаесет случаи се во Скопје, четири во Дебар, два во Куманово и еден во Охрид.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до пладне, изнесува 136, од кои еден е излекуван и двајца починати пациенти.

Ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент заболен од коронавирус. Станува збор за маж на 63-годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата.

Како што информира Министерството за здравство, пациентот бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород.

– Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Завчера вечерта, од коронавирусот почина и 57-годишна жена од Куманово, кај која двата тестови претходно се покажале негативни на Ковид-19, а посмртно тестот бил позитивен.

Би можело да ве интересира

Министерство за здравство: Петличковски и понатаму ја извршува функцијата претседател на Комисијата за заразни болести

Конкурси за вработување во здравство по избори, дотогаш продолжен договор на дело

Министерството за здравство тврди дека сите пациенти со дијабетес примаат инсулинска терапија

Министерство за здравство: ВМРО-ДПМНЕ се служат со лаги и манипулации за да го нарушат имиџот на министерот

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Платите годинава се покачени двапати – Министерство за здравство им одговори на штрајкувачите

Катерина Ѓуровски